1. Познавање на градот. Планирање на доставата и определување на маршутата за возење однапред заштедува време и ја доставува пицата побрзо. Ние во Pizza Delivery Portofino користиме GPS и компјутерска пресметка на најкраткиот пат до вашиот дом. Исто така сме добро информирани за тоа каде има застој во сообраќајот и каде има градежни работи.
2. Љубезен однос и респект према муштериите- Нашите доставувачи се амбасадори на нашиот сервис за достава на пица и затоа секогаш мораат да бидат пристојни коректни и лубезни. Тоа им го наложуваме и ние и нивната домашна култура.
3. Достава до врата. За да се избегнат секакви недоразбирања и непријатности пиците се доставуваат до самата врата на станот или куќата. Доставувачот на пица никогаш не би требало да влезгува внатре во станот.
4.Секогаш да се има ситни пари за кусур. Никогаш не носете со себе повеќе пари него што е потребно за да раситните за да ја наплатите пица нарачката. Со ова ја подобрувате вашата услуга но и го намалувате ризикот за грабеж.
Pizza_deliveri_igor5. Мобилен телефон- Секогаш носете го мобилниот телефон со вас кога доставувате пица, бидејќи тоа е наједноставниот начин за комуникација ако се појави некоја непредвидена работа како погрешена адреса, заклучена порта во влезот или застој во сообраќајот.
6. Секогаш носете пенкало со себе. Кога доставувате пица скоро секогаш сте под стрес а често се случува да се јават со некоја измена. Во тие случааи лесно се заборава и затоа е најдобро да се запише.
7. Поштување на сообраќајните прописи. Пица рекламата за достава на моторчињата и на автомобилот им дава до знаење на муштериите дека тоа те вие со пицата од пица сервисот но исто така и сообраќајната полиција ја гледа таа реклама а тие добро знаат дека вие секогаш сте во гужва и се брзате. Затоа е сосема непотребно да бидете сопрени бидејќи не сте ги почитувале сообраќајните прописи. Не заборавајте дека муштеријата ве чека!
8. Никакви непланирани застанувања за време на доставувањето. Кога веќе сме се потрудиле да ја направиме највкусната пица со најдобрите и најсвежи пица состојки тогаш би било грев муштеријата да не ја добие пицата како таква поради тоа што пица доставувачот застанал негде по пат како на
пример да јаде или да пие кафе. Пица доставувачите на Pizza Delivery Portofino во Скопје се секогаш најадени и напиени пред да започнат со доставата на пици затоа можете да бидете сигурни дека ќе добиете топла пица.
9. Пиците мора да се транспортираат внимателно! Стопеното вруќо сирење и мастрафот лесно се преливаат од пицата при оштро фаќање на кривините и нагло кочење. ПОследното нешто што ние во Пи би сакале е нашиот муштерија да добие пица со преливот во картонската кутија наместо тамукаде и му е местото -на крцкавото тесто.