Дан Јансен јадел пица за секој оброк цели 25 години – секој ден.

Значи има некој негде во светов кој не јаде ништо друго освен вруќи, сочни, тестести и полни со кашкавал пици и сеуште е шив и се осеќа сосема нормално. Се вика Дан Јенсен, 38 години е стар и живее во Мариленд САД. Тој е сосема нормаелно функционално човечко

суштество, работи како столар во Мериленд. Да напоменеме дека е роден со шеќерна болест (диабетес) и на моменти се онесвестува кога шеќерот во крвта ќе му спадне премногу.
Е сега, бидејќи многумина ја сврстуваат пицата во мрсна и нездрава храна што е шокантната вест во горе наведената рубрика? – количината на пица што ја изел Дан Јансен или фактот дека и покрај огромниот број пици што ги изел тој сеуште е жив и здрав.
pizza_the_hutОколу јадењето пица има големи предрасуди кај нас. Некои сакаат да не убедат дека ако јадеме пица повеќе од еднашка во неделата ќе се претвориме во чудовиштето Pizza-the-hut. Истите тие јадат чварки и бурек секој ден.
Потребни ни се повеќе приказни како оваа за да се покаже дека можете да јадете пица колку што сакате и да биде нормално човечко суштество во исто време.
Ова беше добро за Дан Јансен кој стана познат во целиот свет и може да се гордее со фактот дека им помогнал на малите пицерии да опстанат во борбата против големите пица ланци. Следниот пат кога некој ви кажува да не јадете толку многу пица, дајте му го линкот до оваа статија а вие бидете си тоа што сте и лапајте ги сите апсурдни количини на пица што вам ќе ви паднат на памет.