Кари – индиски зачин за вкус и здравје

Дали знаевте дека карито не е еден зачин туку тоа претставува мешавина од многу други зачини?
Карито доаѓа во Европа од Индија каде што се употребува при спремањето на повеќето индиски јадења. Тука можете да го набавите во подобро опремените супер маркети или продавници за здрава храна. За него се вели дека е уметност, вештина, трпение и чувство на рамнотежа. Тоа е еден магичен прав што може да го направи секое јадење со прекрасен вкус.
Кари е одличен зачин за сосови и преливи, одлично се вклопува и во повеќе манџи, добро одговара со зеленчукови додатоци, а го подобрува и вкусот на пилешкото месо. Во својот состав содржи кориандер, куркума и ким, во зависност од желбата во него се додава и лук, ѓумбир, куркума, чили, цимет, црн пипер, морско оревче и уште многу други зачини.
Освен како додаток во јадење, кари се користи и за подобрување на дигестијата, болести на цревата, здрав црн дроб и други потешкотии во врска со дигестивниот систем.
Некои научници веруваат дека исхраната богата со кари може да го заштити мозокот од стареење. За да немате главоболки зачинувајте ги салатите и месото со овој зачин бидејќи во кари е присутна главната компонента на аспиринот.

Кари Пицата- спој на индиската мистика и италианската едноставност

Специјална кари пицаКористејќи ја нашата пица основа замесена рачно од првокласно брашно, премачкана со ексклузивниот и оргинално зачинет сос од домати Pelati ја компониравме нашата нова специјална пица со пилешко месо и домашно приготвен кари сос – “ Кари Пица“.Искористивме еден од највкусните рецепти за пилешко месо – пилешко во кари сос. Ако не сте пробале досега, време е да ја „зачините“ вашата ризница на пица вкусови со овој рецепт.
Можете да ја нарачате во 3 големини, мала, средна, фамилијарна и притоа да одберете некои од нашите бесплатни додатоци. Нормално ние ќе ви ја доставиме во рок од 30-45 мин. Кликнете тука да видите каде доставуваме во Скопје